efsis
Знак за квалитет
sunce

 

ТЕХНОЛОШКИ ПРОЦЕС

Заради својот состав, пред се поради количината на високо вредни протеини живинското месо има значајна улога во исхраната на човекот. Од сите видови на живинско месо, во најголем процент на пазарот се користи месото на прираснувани пилиња (бројлери) кое лесно се вари и не ја зголемува телесната маса заради малите количини на масти.

Снабдувањето на населението со месо и преработки од месо, посебно во големите градови и индустриски центри, се врши во одредени објекти - кланици во кои се произведуваат големи количества месо. Во нашиот случај под кланица се подразбира објект за колење на живина и преработка на месо до различен степен на финализација. Живинските кланици по својата техника и технологија се вбројуваат во најсовремените објекти од кланичната индустрија.

Процесот на производство на живинско месо се изведува на контејнерска линија, каде што приближно сите операции се автоматизирани. Начинот на поставеноста на зградата, просториите и одделенијата овозможува многу предности. Технолошкиот процес на производство полесно и побрзо се одвива, нема застој во континуираното изведување на операциите, одржувањето на хигената е на високо ниво.

Пилко веке втора година ги поседува и два највисоки сертификати од областа на производството на здрава и сигурна храна BRC British Retail Consortium и HACCP Hazard Analysis and Critical Control Point сто го вбројува во фирмите со највисоки стандарди.

Шематски приказ на вообичаениот технолошки процес во кланицата:

шема технолошког процеса

ПОТПОЛНО ПРИРОДНО!

Без вештачки стимулатори за раст!
Без употреба на коскено брашно!
Без вештачки состојки и недозволени адитиви!