efsis
Знак за квалитет
sunce

 

Енергетска и нутритивна вредност на пилешкото месо


Пилешкото месо е лесно за варење со висока биолошка вредност и со диететска намена.
Може да се припреми на различни начини, што влијае на нутритивната вредност на оброкот. Ова месо содржи белковини во оптимални количини, половина од дневните потребите на организмот.
Кога се спомнуваат маснотиите тоа воглавном се однесува на мононезаситените и во ниска количина заситените маснотии, маснотии кои не влијаат значајно на покачување на холестеролот во крвта.
Најмал процент на маснотии содржат пилешките гради, па следуваат копанот, копанот со надкопанот и на крајот крилцата. Со одстранување на кожата значајно се намалува целокупниот состав на маснотиите доколку ја одстраните кожата по кулинарската припрема вашиот оброк ќе добие повеќе на вкус.
Енергетската вредност зависи од типот на пилешкото месо како и од начинот на неговата припрема – просечно изнесува околу 215 КЦал на 100 гр оброк. Пилешкото месо е одличен извор на следните витамини и минерали:
- Ниацин, Витамин Б6, пантотенска киселина , фосфор, цинк и селен. Добар извор е на Б2, Б12 и железо, како и на магнезиум и витамин Б1. Тоа се нутриентите кои ги има во најголем процент во пилешкото месо.

ПОТПОЛНО ПРИРОДНО!

Без вештачки стимулатори за раст!
Без употреба на коскено брашно!
Без вештачки состојки и недозволени адитиви!