efsis
Знак за квалитет
sunce

 

pilko kuvarРЕЦЕПТИ

Пиле ПИЛКО

Потребни состојки:
- 1 пиле ПИЛКО
- 100 гр. путер
- 5 јајца
- 2 павлаки
- 100 гр. кашкавал или 20 гр. пармезан
- сол, Зачинал и масло.
Начин на приготвување:
Пилето се посолува, се мачка со путер и се пече во покриена тава се додека не поцрвени. Печено се двои од коски, сето месо со кожата се сече на коцки и се враќа во маснотијата во која се печело пилето. Се матат 5 јајца со миксер, па се додаваат павлака и Зачинал. Смесата се меша со месото, а одозгора се посипува со пармазан или со ситно рендан кашкавал.
Во загреана рерна се запечува додека добие црвена боја. Се служи топло со гарнир по вкус.


реш крилца рецептПечени пилешки крилца со соја сос

Потребни состојки:
- 2 кгр. пилешки крилца ПИЛКО
Сосот се подготвува од:
- 2 мали лажици мед
- 2 големи лажици сенф
- 6-7 лажици зејтин и
- 8 лажици соја сос.
Начин на приготвување:
Смесата добро се мати додека не се изедначи. Секое крилце се потопува од двете страни во смесата и се реди на намастен плех. Доколку остане од смесата се истура на крилцата и се оставаат на ладно да отстојат околу 2 часа (може и помалку). Се печат на 220 С прво под фолија додека не омекне месото, а потоа без фолија за да се вцрват крилцата и да добијат златно црвена боја.


пиле са печурки рецептПолнето пиле со печурки

Потребни состојки:
- 1 пиле ПИЛКО од 1.300 кгр.
- 200 гр. печурки (од конзерва)
- 1 филџан ориз
- 3 лажици трошки од 1 земичка
- 3 лажици павлака
- 2 јајца
- 150 гр. маргарин
- 2 лажици Зачинал
- 1 лажиче црн пипер, 1 лажица магдонос и оригано.
Начин на приготвување:
Пилето се посолува, се посипува со Зачинал и се остава да стои. За тоа време се подготвува филот.
Во сад се загреваат 50 гр. маргарин и кога е загреан на него се пропржуваат исечканите печурки. При крајот на пржењето се додава магдонос и се динста околу 20 минути. Потоа се додаваат оризот (претходно сварен), ориганото, јајцата и малку се пропржуваат за да се згусне смесата. На крајот се додаваат трошки и павлака. Со филот се пополнува отворот на пилето и се шие со конец или се зафаќа со игли за месо. Тавата се мачка со маргарин и се става пилето. Над него се става преостанатиот маргарин, се покрива со фолија и се пече околу 1 час. За време на печењето често се прелева со сокот кој го испуштило пилето во печењето.
Печено се сервира со пире од компири и со салата.

ПОТПОЛНО ПРИРОДНО!

Без вештачки стимулатори за раст!
Без употреба на коскено брашно!
Без вештачки состојки и недозволени адитиви!